Увеитисee G2
| Увеитис | |
|---|---|
Увеитис | |
| Класификација и надворешни извори | |
| Специјалност | офталмологија |
| Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Увеитис е воспаление на увеата – васкуларната покривка на окото, која се наоѓа помеѓу ретината и белката на окото. Увеата се протега напред до ирисот (шареницата), хороидната покривка и цилијарното тело. Најчестиот тип на увеитис е воспаление на ирисот, наречен иритис (преден увеитис).
Содржина
- 1 Симптоми
- 2 Причини
- 3 Компликации
- 4 Лекување
- 5 Надворешни врски
Симптоми[уреди | уреди извор]
Знаци и симптомите на увеитис вклучуваат:
- црвенило на окото
- болка во окото
- чувствителност на светло
- заматен вид
- темни честички во видното поле кои лебдат
- намален вид
- хипопион – гнојна колекција во долниот дел од шареницата (ирисот)
Причини[уреди | уреди извор]
До сега не е детерминирана специфична причина за увеитис. Сепак, кај некои луѓе тој е асоциран со:
- автоимуно заболување (ревматоиден артритис или анкилозантен спондилитис);
- инфламаторно заболување (Хронова болест или улцеративе колитис);
- инфекции (болест на мачкино гребење, херпес, сифилис, токсоплазмоза, туберкулоза);
- повреда на окото;
- одредени карциноми (лимфома).
Компликации[уреди | уреди извор]
Ако не се лекува, увеитисот може да ги даде следниве компликации:
- висок интраокуларен притисок (глауком);
- оштетување на оптичкиот нерв;
- заматување на леќата (катаракта) или корнеата (рожницата);
- одлепување на ретината;
- губење на вид.
Лекување[уреди | уреди извор]
Лекувањето на увеитис може да вклучи:
- анти-инфламаторни лекови;
- антибиотици или антивирални лекови;
- имуносупресиви или цитотоксични лекови;
- операција – витректомија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
| Класификација | П · Р · П
|
|---|---|
| Надворешни извори |
|
- Увеитис - За Здарвје - Портал од областа на емдицината
| ||||||||||